- скенер
- (анг. scanner) 1. мед. апарат за прецизни и слоевити снимања на ткива и органи на човек или животно (се снимаат танки слоеви), за да се утврди евентуално заболувањескенерот, со извесни адаптации, се користи во конзерваториските работи на стари објекти (на пр., се снимаат ѕидовите на кои има фрески, и тоа слој по слој, за да се утврди дали постои некоја слика под онаа што е на ѕидот или за да се утврди состојбата на подлогата на сликата)постојат и посебни скенери што служат за расликување на боите при изработката на колорклишеа во печатарството или во индустријата за да се проучи материјалот2. комп. периферен уред за конверзија на графика (слики, цртежи, скици, графикони и текст) во електрични импулсиги дигитализира и ги претвора визуелните сигнали во дигитален формат и ги праќа до компјутеротграфички скенер (анг. graphics scanner) графички периферен уред за трансформирање на графика (слики, цртежи, графикони) во екрански испис.
Macedonian dictionary. 2013.