- имагинација
- (лат. imaginatio) 1. фантазија, вообразба, способност за замислување, за создавање на ментални слики или поими за она што не е сетилно почувствувано2. творечка фантазија3. псих. способност повторно да се предизвикаат слики што се зачувани во паметењето (репродуктивна имагинација) или способност за меѓусебно поврзување и надградување на поранешните искуства така што настануваат нови слики или духовни остварувања насочени кон остварување на некоја особена научна или уметничка цел (креативна имагинација)4. производи на фантазијата без основа во реалноста.
Macedonian dictionary. 2013.