- идеализам
- (грч. idea) 1. еден од двата основни правци во филозофијата кој, наспроти материјализмот, смета дека идејата, свеста, духот е примарното нешто, а природата, постоењето, материјата е нешто секундарнообјективен идеализам или конкретен идеализам учење кое тврди дека темелот на се што постои е апсолутната идеја, светскиот дух, во крајна линија Богсубјективен идеализам учење што го негира објективното постоење на материјалниот свет, признавајќи ги како единствена реалност индивидуалната свест и субјективните чувстваво својот натамошен развиток субјективниот идеализам неизбежно води кон солипсизам2. идеално, идеалистичко сфаќање на животот3. вера во нешто што е неодржливо, неосновано, неостварливо, илузија, фикција, склоност во животот да се гледа, односно да се бара само доброто, благородното4. стремеж кон возвишеното и сл.
Macedonian dictionary. 2013.