- елмски оган
- пламенчиња, односно снопови искри што се појавуваат на врвовите на катарките, на шилците на громобраните, на кулите, на врвовите на дрвјата и воопшто на високите предмети во време на бури и други непогодици, а потекнуваат од електрицитетот што излегува од тие врвови (називот дошол оттаму што сицилиските морнари во време на големи опасности при пловидбите го повикувале на помош свети Елмо).
Macedonian dictionary. 2013.