- елемент
- (лат. elementtim) 1. една од четирите основни материи што, според древното мислење, ја сочинуваат основата на светот (огнот, воздухот, водата и земјата)2. хем. материја што не може по хемиски пат да се разложи на уште поедноставни материидосега се познати 105 елементи3. во математиката и физиката: податок, , вредност, фактор на кој се смета и сл.4. фиг. составен дел на некоја сложена целостосновен поим, почеток, извор, причинаподаток, дел од грагата за некое уметничко дело, состојка, фактор5. фиг. човек, суштество, поединец (на пр., сомнителен елемент), т. е. луѓе, народ, население6. околина, средина, амбиент, атмосфера и сл.7. природна сила воопшто, стихија, невреме, непогодица8. (обично во мн.) а) основи на нешто, основни знаења, почеток
Macedonian dictionary. 2013.