- галерија
- (лат. galeria) 1. долга, светла просторија, обично од надворешната страна на зграда, што поврзува одделни делови од градба и често е украсена со уметнички дела2. отворен трем со столбови3. просторија приспособена за излагање на уметнички дела4. збирка изложени уметнички дела во таква просторија5. поголема колекција уметнички или историски предмети6. дел од сала издигнат над приземјето до висината на одделните катови за сместување на гледачи, хор и сл.7. публиката што се наоѓа таму8. руд. подземен ходник, прокоп, што поврзува одделни окна во рудник9. вој, ходник, премин што поврзува одделни делови од некое утврдување.
Macedonian dictionary. 2013.