- Ина
- (грч. Ino) мит. во старогрчката митологија: ќерка на Кадмо и Хармонија, маќеа на Хела и Фрикснекои легенди ја прикажуваат како добра, а некои како лоша женаго одгледала Дионис (Бах), син на нејзината сестра Семела и на ЗевсХера, лута поради тоа, го подбуцнала маж и Атамант против неа и таа избегала со својот син Меликерт и се фрлила во моретоПосејдон ги претворил двајцата во милостиви морски божества, нарекувајќи го Меликерт Палем, а Ина Левкотеја, и ги направил заштитници на поморците.
Macedonian dictionary. 2013.