- балон
- (фр ballon) 1. тркалезно шупливо тело од различен материал кое, наполнето со гас полесен од воздухот, се дига во воздух, аеростат, 2. пробен балон а) мала воздушна топка за испитување на насоката на ветрот, б) фиг новинарска статија или радиовест чија цел е да го испита јавното мислење за некој предмет, 3. метален резервоар за чување на гасови под притисок, 4. стаклено тркалезно шише за течности, дамаџана, 5. вид збиена, танка свилена ткаенина и мантил за дожд од таа ткаенина 6. бабуле од гума или свила проткаена со гума за олеснување на породувањето, 7. вид алкотест при кој присуството на алкохол во крвта се установува со дување во посебен балон кој притоа ја менува бојата
Macedonian dictionary. 2013.