- асимилација
- (лат assimilatio) 1. изедначување, приспособување, процес со кој новите содржини и елементи се придружуваат и приспособуваат кон постарата содржина, 2. биол процес на претворање на сварената храна во материи што градат телесни ткива, 3. етн претопување на еден народ во друг со примање на туѓите и губење на своите одлики, псих примање на претстави во свеста, 4. грам едначење на гласовите по звучноста или по местото (начинот) на настанувањето
Macedonian dictionary. 2013.