- Буриданово магаре
- 1. Жан Буридан, сколастички доктор на париската Сорбона во 14. век, како пример за неможноста на слободна волја го наведува жедното и гладно магаре што стои на еднакво растојание меѓу ведро вода и кутел зоб (според некои, меѓу два еднакви купа сено)магарето не може да се реши дали прво да јаде или да пие (односно, од кој куп сено да почне прво да јаде) и ќе умре2. фиг. човек во положба кога желбите го влечат на две страни и не може да се реши што да прави.
Macedonian dictionary. 2013.