- хомо
- (лат. homo) човек, човечко суштествохомо авригнацензис (лат. homo aurignacensis) човек од дилувијалниот период чии остатоци се најдени во јужнофранцуското место Орињак (Aurignac)хомо дуплекс (лат. homo duplex) дволичен, лицемерен човек што во јавниот живот се однесува на еден начин, а во приватниот на друг, сосема спротивен начинхомо еректус (лат. homo erectus) "исправен човек", предок на неандерталецот и кромањонецотживеел пред 1, 5 милион години и подоцнахомо крапинензис (лат. homo crapinensis) крапински човек (научен назив за остатоци од човек од времето на дилувиумот, пронајдени во 1899 година во една пештера близу до Крапина во Хрватска)хомо примигениус (лат. homo primigenius) првобитен човек, прачовек од дилувијалниот период (на пр., крапинскиот човек)хомо сапиенс (лат. homo sapiens) 1. човек надарен со разумразумно суштество2. биол. современиот човек, единствениот вид од родот хомо што постои денесхомо хабилис (лат. homo habilis) "вешт човек", предок на денешниот човек, наречен така поради тоа што ги обработувал камените и дрвените оружја и орудија многу пофино отколку неговите претходнициживеел пред 2, 5-3 милиони години.(грч. homos) префикс во сложенки со значење: ист, еднаков, сличен, заеднички.
Macedonian dictionary. 2013.