- фонт
- (анг. font) комп. збир на екрански или печатарски (принтерски) знаци со специфична формафонтот содржи и разни големини и стилови (третмани) на формата, како полуцрни и курзивнибитмапиран фонт (анг. bit-mapped font) екрански и печатарски (принтерски) фонт кај кој секој знак е формиран од множество точкиза прикажување на екран или за испис на печатар (принтер), компјутерот мора да поседува битмапирана карта за секој знакзададен фонт (анг. default font) фонтот што печатарот (принтерот) го избира за печатење на фајлвграден е во печатарот и е активен се додека корисникот не избере другкартриџ-фонтови (анг. cartridge font) фонтови за печатење снимени на касета што се вметнува во посебно лежиште во печатарот (принтерот)кондензиран фонт (анг. condensed type) фонт кај кој буквите се стеснети така што на 1 инч се сместуваат 17 знациконтурен/векторски фонт (анг. outline font) екрански и принтерски тип на фонт чии контури се дефинирани со математички вредностиосновен фонт (анг. document base font) фонт што програмата (за обработка на текст) автоматски го вклучува ако корисникот не реши поинакускалабилни фонтови (анг. scalable fonts) фонтови за екран или печатар (принтер) кои корисникот може да ги смалува или зголемува во произволен размер, а притоа да не дојде до искривување на обликотнајпознати такви фонтови за апликации во виндоус и макинтош-околина се постскрипт и трутајп.
Macedonian dictionary. 2013.