фајл

фајл
(анг. file) комп. меѓусебно поврзан збир на податоци снимени како посебна логичка и физичка целост на некој секундарен носител на податоци (тврд диск, магнетна лента, ЦД-РОМ и сл.), датотека
АРХ-фајл (анг. ARC скр. од ARChive архив) во околина МС-ДОС: фајл со АРХ-екстензија
податоците во тој фајл се компримирани со програма за компримирање за подолготрајно чување на секундарен носител на информации
бат-фајл (анг. batch file) помошен фајл сместен на дискот со екстензија *.БАТ
служи за упростување на процедурата на стартувањето на некоја програма
содржи множество MCДОС-команди што се изведуваат секвенцијално без интервенција на корисникот
вкрстени фајлови (анг. cross-linked files) во оперативниот систем МС-ДОС: грешка што настанува кога два различни фајла заземаат или делат еден или повеќе исти кластери на дискот
се јавува при непредвиден и ненадеен прекин на операцијата на запишување на податоци на диск
за откривање на преплетените кластери се користи командата CHKDSK /F
заклучен фајл (анг. locked file) во локалните мрежи: фајлов атрибут што не им дозволува на корисниците и апликациите да ја менуваат неговата содржина
конфигурациски фајл (анг. configuration file) фајл најчесто автоматски креиран од софтверот во текот на инсталирањето
ги содржи параметрите избрани во текот на инсталирањето и најчесто има екстензија . ini
системски фајл (анг. system file) фајл во кој се наоѓаат податоци неопходни за оперативниот систем
текстуален фајл (анг. text file) фајл што содржи само знаци од стандардното множество знаци аски.

Macedonian dictionary. 2013.

Игры ⚽ Поможем написать реферат

Share the article and excerpts

Direct link
Do a right-click on the link above
and select “Copy Link”