- тројански коњ
- 1. бидејќи за 10 години опсада Грците не успеале да ја освојат Троја, направиле еден голем дрвен коњво него имало доста место за цела група војнициноќе го оставиле коњот и го напуштиле местото на борбатаТројанците го вовлекле коњот во градот и од него незабележано излегле Грците и така ја освоиле Троја2. фиг. некој што лукаво се вовлекува во некоја заедница за да ја ослаби однатре и да ја уништи.3. комп. програма слична на вируспрво извршува некоја полезна операција, но нејзината главна намена е да го наруши интегритетот на податоците и целиот системпривремено е притаена и чека погоден момент за да се активира, при што главата за читање/запис физички го оштетува тврдиот дискза разлика од вирусот, тројанскиот коњ не се размножува.
Macedonian dictionary. 2013.