- стил
- (грч. stylos) 1. начин на пишување и изразување на некој писател (ефемерен, поетски, деловен, беседнички, официјален стил)2. начин на обликување и изразување во ликовната уметност, архитектурата, мебелот, облекувањето итн.3. муз. начин на компонирање кај некој композитор4. начин на која и да е работа5. начин на живеење, на однесување со луѓето6. спорт, начин на игра во спортски натпревари итн.7. ум. збир на карактеристични уметнички дела што обележуваат една епоха8. фиг. обичај, навики, однесување, отменост и сл.9. комп. кај програмите за обработка на текст и персонално издателство: множество од контролни знаци и атрибути за форматирање на страница запишани како посебна датотека со единствено име.
Macedonian dictionary. 2013.