- програма
- (грч. programma) 1. план за претстојната дејност, акција, работа2. излагање на основните задачи и цели што ги има пред себе една политичка партија, општествена организација, централен орган на државната власт и др3. распоред на одделни точки што се изведуваат на приредба, концерт, на радио, телевизија и сл.4. краток систематски преглед на содржината на наставата во некое училиште или на курс по некој учебен предмет5. комп. софтверски дел од компјутерски систем што се состои од множество строго дефинирани инструкции на некој од програмските јазици што ги извршува процесоротпрограма за комуникација програма со која компјутерскиот систем се претвора во терминал за праќање на податоци кон друг компјутер и примање на податоци од друг компјутер со помош на телефонски линииуслужни програми (анг. utility programs) комп. програми наменети за одржување и конфигурирање на системот, за организација и управување со директориуми и документи, правење на резервни копии, компресија на фајлови и дискови, за заштита на податоци, тестирање на системот и други операции што му ја олеснуваат работата на корисникот.
Macedonian dictionary. 2013.