- номинализам
- (лат. nomen име) 1. фил. правец во средновековната филозофија според кој во реалноста постојат само посебни, поединечни нешта, а општите поими не означуваат реални работи туку само апстракции на човечкиот ум или релативни ознаки (имиња) на збир на поединечни предмети2. екон. сфаќање според кое вредноста на парите не зависи од вредноста на благородниот метал туку ја одредува државата, а паричната единица е само сметачка единица, без апсолутна вредност.
Macedonian dictionary. 2013.