- неонатурализам
- (грч. neos, лат. naturalismus) уметнички правец поттикнат од биологистичката и бихејвиористичката ориентација на еден дел од современата мислаобележен со настојувањето на одделни уметници, особено на американските книжевници, да ги прикажат што поадекватно биолошките слоеви на битието, неонатурализмот се потпира повеќе на психоанализата отколку на психологијата, повеќе се обѕира на индивидуалните инстинкти и изопачености (блудот, пијанството, наркоманијата, разни психофизички аномалии) отколку на колективните проблеми и на општочовечките вистини.
Macedonian dictionary. 2013.