- квинтесенција
- (лат. quinta essentia петта суштина) 1. фил. првобитно: етерот, што Аристотел го додал како петти кон четирите елементи (огнот, водата, воздухот и земјата), но кој, поради својата финост, важи како прв, најглавен елемент2. во алхемијата: главна материја за претворање на металите3. фиг. она што е најфино и најважно во нешто, суштина, срж, јадро, екстракт.
Macedonian dictionary. 2013.