- иредента
- (итал. irredento неослободен, што е под туѓа власт) 1. Италија иредента (итал. Italia irredenta Неослободена Италија) политички Сојуз во Италија основан во 1878 година, што се стремел кон обединување на сите краишта во кои се зборува италијански со тогашното кралство Италија2. во 20. век: стремеж на реакционерните и фашистички кругови во Италија за проширување на границите на нивната земја, особено на подрачјето на Истра и Далмација3. шовинистичка политика на присвојување на туѓи територии.
Macedonian dictionary. 2013.